Нов тендер за „Чебрен“ и „Галиште“

Bez autora
Oct 23 2012

За дваесетина дена би требало да се објави нов тендер за изградба на хидроелектраните „Чебрен“ и „Галиште“. Според вицепремиерот за економски прашања, Владимир Пешевски, проектот повторно ќе се реализира како јавно приватно партнерство и ќе има поголема флексибилност во однос на параметрите на самите електрани. Конечен став за тоа кои ќе бидат измените ќе биде донесен на седница на Влада и тие ќе бидат преточени соодветно во тендерската документација. Според него, тендерот нема драстично да се разликува од претходниот во однос на концептот. Флексибилност ќе има во однос на висината на браните, со цел идниот концесионер да има можност да ја оптимализира хидроцентралата, како и во однос на поситни технички измени што би довеле до поквалитетно решение.

Нов тендер за „Чебрен“ и „Галиште“За дваесетина дена би требало да се објави нов тендер за изградба на хидроелектраните „Чебрен“ и „Галиште“.

Според вицепремиерот за економски прашања, Владимир Пешевски, проектот повторно ќе се реализира како јавно приватно партнерство и ќе има поголема флексибилност во однос на параметрите на самите електрани.

„Конечен став за тоа кои ќе бидат измените ќе биде донесен на седница на Влада и тие ќе бидат преточени соодветно во тендерската документација“, изјави Пешевски по седницата на Комитетот за стратегиски и инфраструктурни проекти.

Според него, тендерот нема драстично да се разликува од претходниот во однос на концептот. Флексибилност ќе има во однос на висината на браните, со цел идниот концесионер да има можност да ја оптимализира хидроцентралата, како и во однос на поситни технички измени што би довеле до поквалитетно решение.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik